Го чека пекол: Ова е затворот во кој Робињо ќе мине девет години! (ВИДЕО)

2740

Некогаш беше мега – ѕвезда, еден од најдобрите фудбалери во светот. Играше за Сантос, Реал Мадрид,Манчестер Сити, Милан, беше член на репрезентацијата на Бразил и заработуваше тешки милиони.

Ама сега ќе мора да отслужи затворска казна во времетраење од 9 години. Познато е дека тој е осуден на затворска казна поради силување, и според медиумите во Бразил некогашната мега – ѕвезда е веќе во еден од најзлогласните затвори во светот.

Истиот се наоѓа во бразилската држава Пернамбуко во кој се сместени околу 30.000 затвореници, а капацитетот му е само 10.000.

Во него Робињо го чека пекол, тука својата затворска казна ја служат најголемите криминалци во Бразил, сериски убијци, нарко босови, силувачи, па дури и канибали.

Инаку се говори дека годишно во меѓусебни пресметки во просек се убиваат по 150 затвореници.

ПретходноЕрменија со голема провокација за Косоварите!
СледноХет трик на Алији, Македонија У18 славеше убедлива победа над Естонија