Баумгартнер даде гол во шестата секунда, Австрија ја победи Словачка

189

На „Авива стадионот“ во Даблин селекциите на Република Ирска и Белгија одиграа пријателски натпревар кој заврши без погодоци. Ова беше прв меч на клупата на Ирска за селекторот Џон О’Ши, некогашниот ас на Манчестер Јунајтед.
Белгијците беа подобри во поседот на топката, но Ирците умешно и борбено се бранеа. Имаше малку прецизни удари кон головите, а двајцата селектори испробаа многу фудбалери.
Меѓу нив и дебитантот во дресот на Ирска, Семи Смодич, офанзивен играч на Блекбурн Роверс и доби висока оценка за својот настап. Тој го запиша првиот меч за ирскиот национален тим на 28 години.

Во Братислава, репрезентацијата на Словачка загуби од Австрија со 0:2. Резултатот го отвори Баумгартнер во шестата секунда од мечот со удар од далечина, а конечниот резултат го постави Вајман во 82 минута.

ГОЛОТ НА БАУМГАРТНЕР НА ОВОЈ ЛИНК

ПретходноДодека гигантите бијат битка за него: Чаби Алонсо потсети на своите најдобри денови како играч! (ВИДЕО)
СледноГостивар го потврди последното местото кое води во плеј-офот!