Реал Мадрид го има пикирано 18-годишниот централен бек на Лил, Лени Јоро кој според „Трансфермаркт“ вреди 40 милиони евра. Јоро сезонава постигна три гола, а кралскиот клуб во него гледа играч за во иднина.
Јоро е еден од клучните фактори што Лил сезонава игра добро и е на четвртото место на табелата. Тој покажува огромен потенцијал, а со самото тоа што има 18 години и игра стандардно покажува дека тоа е така.
Реал се спрема за големи промени претстојното лето. Доаѓа Килијан Мбапе, веројатно и левиот бек Алфонсо Дејвис, а со Јоро би требало да се заокружи смената на генерациите.
За Јоро има интерес и од премиерлигаш и од францускиот првак ПСЖ.