Шпанските медиуми: Левандовски спрема сензационален трансфер

2427

Барселона во текот на летото ќе се ослободи од напаѓачот Роберт Левандовски, објави шпанскиот новинар Рубен Уриа. По него информацијата ја пренесоа и неколку шпански медиуми додавајќи дека ќе направи интересен трансфер.
„Барселона сака да се ослободи од полскиот фудбалер. Неговата плата е преголем товар за Барселона. Иако тој има договор со клубот до летото 2026 година, каталонскиот клуб ќе се обиде да го продаде и да ослободи место за некој помлад фудбалер. Заинтересиран за него е Атлетико Мадрид“, најави Уриа.
Атлетико Мадрид за него ќе мора да исплати и одредена отштета бидејќи фудбалерот се уште е под договор, но сумата која Барса ја бара е непозната.

ПретходноГалакси од 0:2 до 3:2 за осум минути, Интер Мајами претрпе тежок пораз
СледноРеал пикирал дефанзивец на Лил, цената му е 40 милиони!