И дефинитивно Струга Трим Лум како клуб наликува на едно семејство. Па така во петокот, откако играчите се вратија на тренинзи по неколкудневната пауза, целиот тим на Струга ТЛ заедно со стручниот штаб на чело со Шпетим Дуро и управата на шампионот, беа во посета на повредениот Бесмир Бојку во неговиот дом во Велешта.
Целта беше јасна. На својот клупски колега да му се даде поддршка кога му е најтешко, да се охрабри со убави зборови и да му се каже колку ќе недостасува во битката за титулата.
Сите во таборот на шампионот му ветија на Бојку дека на следните натпревари до крајот на сезона ќе играат и за него, и ќе имаат дополнителен мотив да освојат нова титула и за него.
Да се потсетиме дека еден од најдобрите играчи на шампионот, на последниот меч со Работнички минатата недела, се здоби со тешка повреда, скршеница на десната нога над зглобот.
Како што е познато Бојку веднаш беше опериран а сега е дома во Велешта, каде мирува.