Трагедија во Унгарија: Четири лица загинаа на рели трка (ВИДЕО)

389

Најмалку четири лица загинаа, а седум се повредени во несреќата што се случи на Унгарското рели „Естергом-Нјергес“.

Еден автомобил се излизга на патеката и удри во публиката. Унгарските медиуми јавуваат дека еден од возачите изгубил контрола и излетал од патеката.

Според досегашните информации четири лица загинале, а седум се повредени. На местото на несреќата пристигнале осум возила на брза помош и четири спасувачки хеликоптери.

ПретходноОткако наводно Чаби Алонсо се договорил со Баерн: Португалец седнува на клупата на Ливерпул?!
СледноАлкалоид го победи Бутел за место на Ф4 турнирот од Купот