За иднината на Упамекано, Мин-Јае и Де Лигт ќе одлучува новиот тренер на Баерн

229

Иднината на централните бекови на Баерн (М), Ким Мин-Јае, Упамекано и Де Лигт ќе зависи од позицијата на новиот тренер на германскиот клуб. Како што објави Романо, се ќе зависи од тоа кој ќе биде наследник на Тухел и каква визија за тимот ќе има за следната сезона.

„Колку што разбрав, нема ништо конкретно во врска со Упамекано. Ми кажаа дека одлучувачки чекор ќе биде новиот тренер, а такви работи секогаш се планираат со тренерот. За Ким Мин Јае е исто како и со Упамекано . Но, Баерн се уште е многу задоволен од Ким и неговата посветеност. Видовме гласини за заминување на Де Лигт, но всушност ништо не е решено“, напиша Романо.

ПретходноДодека чека понуда: Мурињо го вееше знамето на финишот на трката во Мото ГП (ВИДЕО)
СледноМилан го откупи договорот на Хименез од Реал (М)