Викендов се одиграа четртфиналните групи од Купот на Македонија во ракомет во двете конкуренции, па откако ги добивме сите учесници на машкиот финален турнир, познати се и четирите тима кои ќе се борат за куп-трофејот кај дамите.
Во вчерашните викенд натпревари победи обезбедија три скопски екипи и екипата на Куманово, која успеа да го елиминира Металург и да се пробие до Ф4 турнирот.
Куманово славеше над Металург со 21-20, а победи на финалните дуели во преостанатите групи обезбедија и Чаир над Овче Поле со 46:29, Вардар против Деспина 30:21 и шампионот Ѓорче Петров кој немаше проблеми со Пелистер победувајќи со високи 47:26.
Завршницата на купот ќе биде во мај.