Само два дена по потписот со португалското крило, Рибеиро, Металург доведе ново засиливување за следната сезона. Во Автокоманда ќе гледаме трет француски ракометар по браќата Кевин и Оливие Њокас. Станува збор за Абдула Мане, кој игра на позицијата левата бековска позција.
25-годишниот Мане кој беше дел од Дижон и Безансон, беше најдобриот стрелец во Про Лигата, односно втората по квалитет француска лига.
Металург иако оваа сезона нема да игра во Европа, сепак во домашнииот шампионат и тоа како серииозни амбиции, дефинитивно битката за врвот ќе биде интересна.