Репрезентацијата на Шведска У21 ја совлада Македонија У21 со 2:0 во Скопје со меч од шестото коло од групата Ц од квалификациите за ЕП. Швеѓаните ни се реваншираа за оној пораз од македонскиот тим во првото коло, а стрелци на голот за триумф беа Росенгрен и Вилхемсон во второто полувреме.
Македонија речиси цел меч се бранеше, оддолеваше на акциите на шведските фудбалери, Алчевски на голот беше на висина на задачата , а по исклучувањето на Михаил Димитриевски во 47 минута играта поради груб старт над Бергвал некако концепцијата се распадна, а потоа падна и голот кој го одведе мечот во корист на гостите.
Во целост Швеѓаните беа многу подобри, имаа посериозни шанси и многу удари на голот, Алчевски бранеше се што можеше, а потоа дојде 67 минута кога Росенгрен испрати шут од далечина, топката удри во некого го смени правецот и заврши во мрежата.
Македонија имаше само два шута на голот од кој само еден прецизен. Брза акција Швеѓаните ставија печат во третата минута од судиското продолжение. Сонко претрча по десната страна, му асистираше Оскар Вилхемсон погоди за конечни 0:2.
Швеѓаните беа многу подобри и заслужено ги освоија бодовите.
По овој пораз Македонија остана на петтото место со шест бодови, а Шведска е трета со 10 бодови.
Следниот меч го играме на 5 август против Холандија, лидерот во групата.