Ништо ново кога станува збор за македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски. Македонецот и вечерва со фантастична партија за својот Битигхајм и за победа на гости кај Гепингем со 25:29, во меч од 8.коло во најсилната ракометна лига во светот.
Томовски има 13 одбрани, едноставно докажа дека е во страшна форма што секако дека може да го радува селекторот Кирил Лазаров.
Втора победа за Мартин Томовски и неговите соиграчи и втора победа на гости.
Сепак, за нас е најважно што нашиот голман и тоа како е во одлична форма.
По овој меч, Битигхајм е на 15.место на табелата со што побегна од опасната зона.










