Поради се она што се случуваше на куп средбата во БиХ меѓу Сараево и Борац Бања Лука кој беше прекинат во 93.минута, денеска се дознаа казните од страна на ФС на БиХ. За нас е интересно дека голман на Сарево е репрезентативецот Дени Илиев а спортски директор Сенија Ибричиќ, инаку екс фудбалер на Вардар.
Па така тимот на Илиев е казнет со одземање на три бода, а Ибричиќ е драконски казнет со суспензија од 7 месеци.
Инаку Сараево како клуб е казнето и со 12.000 евра поради слабата организација на тој меч.
До прекинот дојде поради тоа што играчите и стручниот штаб на Сараево одлучија да го напуштат теренот незадоволни од судењето.