И покрај пандемијата со Ковид-19, аргентинскиот претседател најави дека неговата земја ќе биде организатор на престојното издание на првенството на Јужна Америка, популарната „Копа Америка“ (11 јуни – 10 јули).
Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез во неделата потврди дека неговата земја, коорганизатор на Копа Америка со Колумбија, е подготвена да биде домаќин на континенталното фудбалско натпреварување и покрај нападот на пандемијата.
„Се договоривме со Конмебол да ја организираме Копа Америка и тоа ќе го сториме со ограничувањата кои с ево сила”, изјави шефот на државата.
Како резултат на континуираниот раст на пандемијата во Ј. Америка и натаму облак на неизвесност виси над Копа Америка. Во Колумбија која е ко-организатор на настанот, проблем плус се бројните демонстрации кои ја тресат земјата.