Штипјани останаа во трка за второто место, „студентите“ влегоа во разигрувањето

104

Со натпреварот меѓу Работнички и Струмица денеска треба да се комплетира 9-то претпоследно коло во Втората фаза од домашниот одбојкарски шампионат во машка конкуренција. Вчера во првите два одиграни меча во плеј-оф фазата, вредна победа остварија одбојкарите на Универзитет во тетово, кои со максимални 3:0 ја „преслушаа“ Весна Пробиштип и го потврдија своето место во разигрувањето за титулата.

Новиот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Штип УДГ славеше со 3:0 на гостувањето кај Лирија и со тоа останува во битка за второто место на табелата и подобра стартна позиција во разигрувањето.

Во плеј-аут фазата, Сушево го изненади Борец победувајќи со 3:1 на домашен терен, додека Шкендија и Вардар со максимални победи од 3:0 влегуваат во последната рунда.

Прва лига (мажи), Втора фаза-1, 9. (претпоследно) коло

Универзитет во Тетово – Весна Пробиштип   3:0 (25:9, 25:12, 25:22)

Лирија – Штип УГД                                        0:3 (29:31, 18:25, 17:25)

Работнички 71&22 – Струмица 47&72            (денеска, 20.30)

ТАБЕЛА ПЛЕЈ-ОФ: 1. СТРУМИЦА (57); 2. Работнички 71&22 (43); 3. Штип УДГ (41); 4. Универзитет во Тетово (38); 5. Лирија (29); 6. Весна Пробиштип (21).

Прва лига (мажи), Втора фаза-2, 9. (претпоследно) коло

Шкендија – Јанта волеј                                  3:0 (25:12, 25:18, 25:15)

Сушево – ГОК Борец                                     3:1 (22:25, 25:21, 25:19, 25:22)

Вардар – Македонија Џио                              3:0 (25:15, 25:19, 25:16)

ТАБЕЛА ПЛЕЈ-АУТ: 1. Шкендија (40); 2. ГОК Борец (32); 3. Сушево (23); 4. Јанта Волеј (15); 5. Вардар (9); 6. Македонија Џио (6).

ПретходноПочина екс-играч на Нотингем и на Ливерпул, двоен освојувач на ЛШ
СледноАгентот на Алфонсо Дејвис: Не е фер Баерн да ни поставува ултиматум