Дивац доби „незаборавна шлаканица“ од Дончиќ: Словенецот ја понижи легендата (ВИДЕО)

15018

Лука Дончиќ си ја заврши работата на натпреварот против Сакраменто Кингс. Погоди две слободни фрлања за 107:103, а потоа реши да испрати интересна порака до славниот Владе Дивац.

Откако ги погоди клучните слободни фрлања против Сакраменто Кингс, Дончиќ се сврте кон легендарниот српски кошаркар и му порача: „Требаше да ме драфтуваат“.

Да потсетиме, на НБА драфтот за 2018 година, Дивац како ГМ на кралевите го избра Марвин Багли Трети со вториот пик, кој моментално е член на Вашингтон Визардс и кој во просек бележи 13 поени по натпревар.

Лука Дончиќ, пак, е еден од најдобрите кошаркари на денешницата. Синоќа постигна 26 поени, 12 асистенции и девет скока и е главен кандидат за МВП титулата покрај Никола Јокиќ.

Словенецот сезонава има просек од 33,9 поени, речиси 10 асистенции и над девет скока по меч. Во кариерата има 28,6 поени, и преку осум скока и асистенции по натпревар.

Владе Дивац е, како што е познато, апсолутна легенда на југословенската кошарка. Славниот центар во текот на својата НБА кариера настапуваше за Лос Анџелес Лејкерс, Шарлот Хорнетс и Сакраменто Кингс.

Резултати: Шарлот – Голден стејт 97:115, Индијана – ЛА Лејкерс 109:90, Орландо – ЛА Клиперс 97:100, Вашингтон – Детроит 87:96, Бруклин – Чикаго 125:108, Кливленд – Филаделфија 117:114, Мајами – Портланд 142:82, Оклахома сити – Феникс 128:103, Сан Антонио – Њујорк 130:126 (прод.), Денвер – Минесота 98:111, Јута – Хјустон 100:101, Сакраменто – Далас 103:107.

ПретходноАндреј Јакимовски сериозно размислува да се пријави на НБА драфтот
СледноБугарска ренесанса – Димитров во финалето на Мајами!