Најлудиот кош во Евролига: Словенец погоди додека беше легнат на подот (ВИДЕО)

159

Кошаркарите на Фенербахче убедливо ја совладаа Алба во 32. коло од Евролигата, во меч кој го одбележа неверојатната игра на Најџел Хејс-Дејвис. Постигна 50 поени, постави рекорд во Евролигата и сосема заслужено беше најдобар играч во штотуку одиграното коло.

Уште еден кошаркар се најде во центарот на вниманиет, Словенецот Жига Самар се обиде да му украде барем момент слава бидејќи го направи најдобриот потег на натпреварот.

Откако го загуби дриблингот и ја искомплицира ситуацијата во противничкиот рекет, Самар мораше да се фрли на подот и да се обиде да го врати поседот. Времето за напад веќе истекуваше, немаше простор за асистенција, па Словенецот реши да шутира од земја – и погоди. Иако ова беше еден од најтешките удари во целата сезона во Евролигата, топката се одби околу обрачот и потоа падна во кошот. Погледнете како тоа изгледаше:

 

ПретходноВМФЛ: Беса и Пелистер во атак на нови победи, Детонит гостува во Куманово
СледноБајката на Бензема во С.Арабија се претвори во кошмар