Екипата на Лацио го совлада Јувентус со 1:0 во меч од 30.коло на Серија А. Првата шанса на мечот ја имаше Лацио во 14. минута и тоа преку Фелипе Андерсон, шест минути подоцна и Кастељанос беше во добра позиција но остана 0:0.
Јувентус се закани во 25 минута кога Камбијасо се најде во шанса, но беше безопасен по голот на домаќините. До крајот на првото полувреме две шанси за гостите од Торино, прво преку Киеза и потоа преку Кин, а мрежата на Лацио мируваше.
Во 52 минута голманот на Лацио интервенираше по шутот на Камбијасо. Во финишот на мечот Лацио со две шанси, а најдобрата ја пропушти Весино во 86 минута. Се чинеше дека мечот ќе заврши без голови, па во 93 минута по една нафрлена топка Адам Марушиќ со глава го совлада голманот на Јувентус.
Јувентус е трет на табелата со 59 бода, седум помалку од лидерот Интер, а три помалку од вториот Милан. Лацио врза две победи и сега е на седмото место со 46 бода.
Adam Marušić scores in stoppage times!
🇮🇹 Lazio 1-0 Juventuspic.twitter.com/zHzvQfbJiK
— FootColic ⚽️ (@FootColic) March 30, 2024