Баерн останува без титулата – Борусија славеше во Минхен!

140

Борусија Дортмунд славеше во „Дер Класикер“ против големиот ривал Баерн и тоа сред Минхен со 0:2 и со тоа ги оддалечи „баварците“ од титулата, а го проближи Баер Леверкузен до историската прва „салатара“.

Во меч со многу шанси, интересни моменти и два гола, Борусија ги однесе бодовите од „Алијанц“ нанесувајќи му го на Баерн вториот пораз на домашен терен сезонава, а петти севкупно.
Борусија поведе во 10 минута кога Карим Адејеми успеа да ја смести топката зад грбот на Улрих. (ГОЛОТ НА ОВОЈ ЛИНК).

Потоа Хари Кејн имаше неверојатна можност по нафрлување на Кимих, а англискиот репрезентативец од неколку метри со глава шутира покрај противничкиот гол. Пред крајот на првото полувреме Ерик Даер со глава шутираше но искусниот Хумелс успеа да ја избие топката од пред гол линијата.

Во второто полувреме Борусија со две шанси, прво на Нмеча и потоа на Матсен, во првата ситуација голманот на Баерн одбрани во втората топката мина покрај стативата. Во 75 минута шутот на Коман, голманот Маер ја исфрла топката во корнер.
Во 83 минута туш за Баерн. Себастијан Алер му асистира на Јулијан Рајерсон кој ја „заби“ топката во долниот лев агол од голот на „баварците“.
(ГОЛОТ НА ОВОЈ ЛИНК)

Во 89 минута Кејн не згреши по втор пат. Мазруи нафрли, а англискиот напаѓач со глава ја тресе празната мрежа. Судијата проверува на ВАР и одлучува дека имало офсајд. (СИТУАЦИЈАТА НА ОВОЈ ЛИНК).

Баерн е втор и има 60 бодови, 13 помалку од лидерот Баер Леверкузен. Борусија е на четвртото место со 53 бода.

 

ПретходноЛацио го победи Јувентус со гол во 93 минута! (видео)
СледноПрвпат по 2003, Астон Вила ги совлада Вулвс на свој терен во премиерлигашки меч