Динамо Загреб со голема победа си оди од големото дерби со Хајдук во Сплит по која „модрите“ останаа во трката за титулата, а лутиот ривал е веќе на голем минус во однос на Ријека која е лидер на табелата. Аријан Адеми капитенски го го водеше Динамо до 55. минута, а Стефан Ристовски одигра борбени 90. минути со жолт картон и многу добиени дуели во одбраната.
На спротивната страна Алекс Трајковски од клупата гледаше како неговите екс репрезентативни другари слават на „Пољуд“ а посебно по натпреварот кога свое шоу на полниот стадион имаше Стефан Ристовски.
Дефанзивецот по крајот на натпреварот во свој стил замина кај своите навивачи, ги прескона паноата од рекламите и се качи на оградата за да бурно ја прослави големата победа со „Бед Блу Бојс“. Хрватските медиуми обрнаа гиолемо внимание на потегот на Ристовски чија што прослава во Спплит ја има по ТВ станиците, весниците и порталите.
Навивачите на Динамо во своите коментари го величат нивниот идол „Риле големиот“.
Да потсетиме дека стрелец на голот за победа беше Бруно Петковиќ во првиот дел, а Хајдук шанса за реванш има во среда кога се игра во Сплит нов дуел на двата гиганти но од Купот на Хрватска.
Во видеото може да ја видите прославата на Стефан Ристовски со навивачите на Динамо Загреб по победа над Хајдук во Сплит.
View this post on Instagram