Аугсбург – Келн 1:1 е епилогот од денешниот меч од 27.коло во Бундеслигата. Се разбира дека ваквиот исход е големо изненадување ако се знае дека домашниот тим беше фаворит на оваа средба и со победа и тоа како ќе се влучеше во битката за Европа.
Се тргна убаво за Аугсбург зошто во 18.минута Маер погоди за 1:0.
Сепак во 33.минута Селке израмни на 1:1, со тоа како што се виде на крајот, го постави и конечниот резултат на овој натпревар.
Келн и натаму е на дното на табелата, но сега има 19 и колку толку ги врати шансите за опстанок.