Екипите на Динамо (З) и Риека ќе играат во финалето на хравстскиот Куп. Динамо го победи Хајдук со 1:0 на „Пољуд“ и го обезбеди местото во финалето, каде го очекува Риека, која претходно ја елиминираше Локомотива.
Стрелец на победничкиот гол за Динамо (З) беше Сандро Куленовиќ во 15. минута од натпреварот.
За Хајдук дебитираше Иван Перишиќ, кој во игра влезе во 72. минута. Во составот на Динамо вечерва настапи и нашиот Стефан Ристовски.
Финалето ќе се игра во два натпревари. Првиот ќе се одржи на 15 мај, а вториот на 30 мај.