Шампионот тргна со сигурна победа во четвртфиналето на плеј-офот (ФОТО)

119

Актуелниот шампион МЗТ Скопје А. сосема очекувано ја прокнижи првата победа на стартот од четвртфиналето на плеј-офот во домашниот шампионат. Најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната со 87:68 славеше на првиот дуел со Гостивар и поведе со 1:0 во серијата.

Домашните во текот на целиот меч беа доминантни. Во првиот период направиј аогромна предност од 15 поени (25:10), но Гостивар успеа да ги почне вторите 10 минути со серија од 0:7 и да се обиде да се врати во игра. До полувремето МЗТ Скопје повторно беше подобар и замина на пауза со 49:32.

Работите не се променија многу ниту во вториот дел. МЗТ Скопје успеа да го приведе мечот во своја полза и да направи прв чекор кон полуфиналето.

Танасковиќ со 21 поен беше најефикасен кај домашните, додека Баковиќ средбата ја заврши со 14 поени. Кај Гостивар Американецот Слејтер беше прв поентер со 22 поени.

ПретходноВисар Муслиу постигна гол во новиот пораз на Падерборн (ВИДЕО)
СледноНавико Академија ФМП со голема победа на гостувањето во Охрид