Новинарот Педро Сепулведа на социјалните мрежи објави дека во наредните денови Ливерпул може да постигне договор со агентот на тренерот на Спортинг (Л), Рубен Аморим. Според изворот, агентите на Аморим во моментов преговараат со „црвените“ за финансиските услови за соработка, која евидентно ќе се оствари ова лето.
Аморим е обврзан со договор со Спортинг до летото 2026 година, но Ливерпул инсистира на негов ангажман како замена за Јирген Клоп, кој најави заминување. 39-годишниот стручњак ќе ги чини првите луѓе на англискиот гигнат околу 20 милиони евра, кои треба да се платат како обештетување.
Аморим го презеде Спортинг во март 2020 година, а под негово водство, клубот освои една титула и два купа на Португалија.