Вардар 1961 не виде мака со Бутел Скопје

75

Вардар 1961 ја продолжи победничката серија, на домашен терен без проблем го совлада Бутел Скопје со убедливи 30-22 во првиот меч од седмото коло во плеј-офот. На овој начин „црвено-црните“ се зацврстија на второто место на табелата зад Пелистер, а дали ќе успеат да му се заканат пред меѓусебната пресметка останува да биде познато по мечот во Автокоманда.

Гостите беа рамноправен противник до средината на првото полувреме, беа во водство, а потоа по 9-10, домашниот состав со серија од 7-1 на одморот заминаа со резултат 17-11. Од овој момент мечот се движеше во еден правец, ритамот го држеше Вардар 1961.

Родригез со девет гола беше лидер кај победникот, зад него беше Јасухира со шест гола, за одблежеување е кам-бекот на Јагуриноски по повредата, постигна три погодоци. На другата страна Николов имаше осум гола.

ПретходноПлеј-оф: Ќе има ли саботни изненадувања?
СледноХаос на улиците од рано наутро иако градското дерби се игра дури вечерва