Македонската женска ракометна репрезентација со победа го потврди пласманот на Европското првенство кое оваа година ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија. На последната квалификациска средба нашите девојки славеа против Литванија со 34-24.
Женскиот национален тим после 12 години преку квалификации успеаја да се пласираат на еврошампионатот, кој ќе биде пак втор по ред. Благодарение на РФМ, Македонија пред две години доби директно место бидејќи беше еден од организаторите на шампионатот.
Најголема верба во ракометарките има првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов, кој им го честиташе големиот успех на ракометарките.