Андреа Седлоска со шест гола беше прв стрелец во убедливата победа над Литванија од 34-24 во последниот квалификациски меч за пласман на Европското првенство 2024 година.
Македонската репрезентативка по завршување на мечот, првите честитки за големиот успех дојдоа од нејзиниот тактко, Гоце Седлоски. Поранешниот репрезентативец беше на трибините во СЦ „Борис Трајковски“, веруваме дека радоста е голема бидејќи токму Андреа е дел од овој историски пласман. Велиме историски, бидејќи со чисто македонски ракомерки е заверено местото на ЕП 2024.