Кин и Невил повторно критички настроени кон Хаг: Сигурно испил неколку чаши вино по мечот!

150

Поранешните играчи на Манчестер Јунајтед, Рој Кин и Гери Невил не видоа ништо позитивно во настапот на тимот на дербито со Ливерпул (2:2). Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши 2-2 и покрај тоа што „црвените“ упатија 28 удари кон противничкиот гол, што е рекорд за гостински тим на овој стадион во Премиер-лигата. По натпреварот, Ерик тен Хег изјави дека е горд на играта на своите играчи, но Кин и Невил мислат поинаку.

„Очигледно тој испил неколку чаши вино по натпреварот. Не знам колку беше силна, но тој беше навистина многу оптимист. Му се восхитувам затоа што виде нешто што јас не го видов. Начинот на кој игра Манчестер Јунајтед е како тим од средината на табелата, мал клуб.

Моментално се борат со Астон Вила и Тотенхем за четврто и петто место, но се далеку зад нив. Затоа не разбирам зошто е толку позитивен. Можеби сум стар и намќор“, изјави Кин.

Еве што додаде и Гери Невил во истиот контекст:

„Стилот на игра на Манчестер Јунајтед е лудост. Некои од работите што ги гледате не можат да се видат ниту на ниво на училиште. Структурата на играта во дефанзива оди од фит и игра добро до наеднаш празнина во целиот среден ред. Поединечни играчи притискаат за себе без останатите соиграчи да го прават тоа со нив. Во еден допир, има играчи пред топката, но таа е фрлена назад кон задната четворка. Во она што се претпоставува дека се најлесните работи во фудбалот, Манчестер Јунајтед работи навистина лошо. Многу е лесно да се игра против нив. Ливерпул упати 15 удари во првото полувреме. Таков настап не може да се тренира. Тоа е само потпирање на индивидуални моменти, среќа, голман, блокирање на бранителите. Тоа го видовме против Ливерпул.

Кога сер Џим Ретклиф дојде во клубот, рековме дека натпреварите до крајот на сезоната ќе бидат аудиција за Тен Хаг и она што ќе треба да го изгради, стил, систем и шема на игра. Но, ние не гледаме никаков модел“.

ПретходноГолужа ги смени Кастратовиќ и Грчевски во Кувајт, за помошник ќе има Македонец?
СледноТрајковски ќе мора да си бара нов клуб!?