Матеус Лемос вчера имаше вистинско шоу против Струга ТЛ. Бразилецот го одигра најдобриот меч откако е во Вардар и покажа дека и тоа како знае да игра добар фудбал. Правеше вишок, асистираше, знаеше што треба во вистински момент и затоа според “СпортСпорт“ е играч на 26.коло во ПМФЛ.
Покрај него тука се и неговите соиграчи Ѓуриќ и Брдаровски, потоа Стевковски и Жилберто (Македонија ЃП), Лвалива, Маневски и Ѓорѓиев (Брегалница), Спахиу (Тиквеш), Красничи (Шкендија) и Стојановски (Работнички).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
МАТЕУС ЛЕМОС
Тим: Вардар
Роден: 24.04.1997 во Бразил
Кариера: Сан Хозе, Мауиа, Комерциал МС, Македонија ЃП, Вардар