Ливерпул му понудил на Аморим тригодишна соработка!?

313

Португалскиот стручњак Рубен Аморим може да биде нов тренер на Ливерпул на местото на Јирген Клоп кој објави дека по завршување на сезоната ќе го напушти „Енфилд“. Претходно Чаби Алонсо беше поврзуван со Ливерпул, но од тоа не излезе ништо, „Црвените“ се во потрага по нов стратег па меѓу кандидатите е Рубен Аморим.

Според португалскиот новинар Педро Сепулведа, кој ја трасираше информацијата, Ливерпул му понудил на Рубен Аморим тригодишен договор.

Сепак, во договорот на Аморим со Спортинг има ослободителна клаузула од 20 милиони евра за странски клубови. Но тоа не значи дека само за таа сума Аморим ќе биде слободен.

Од Спортинг соопштуваат дека ваква шанса тешко е да се одбие, па тие веруваат дека младиот тренер ќе го напушти Лисабон. Па можно е и за помала сума од околу 10 милиони евра да биде доволна за Аморим да го преземе тимот од Енфилд.

 

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 26.КОЛО: Шоу на Лемос против шампионот!
СледноФОТО НА КОЛОТО: Немоќниот Шпетим Дуро!