Конектикат ја одбрани титулата во НЦАА лигата

76

Кошаркарите на Универзитетот во Конектикат ја одбранија титулата во НЦАА лигата, откако во финалето во Глендејл го совладаа Пердју со 75:60.

Конектикат го предводеше Тристен Њутн со 20 поени, седум асистенции и пет скока, Стефон Касл додаде 15 поени, а Донован Килинген и Кам Спенсер имаа по 11 поени.

Во тимот на Пердју најдобар беше Зек Иди со 37 поени и 10 скока, што беше негов 30-ти дабл-дабл сезонава.

Конектикат стана првиот тим што ја одбранил титулата во колеџ кошаркаата од 2006 и 2007 година кога тоа и успеа на Флорида Гејторс.

„Не можам ни да замислам каков успех направивме. Знаете колку е тежок овој турнир“, рече тренерот на Универзитетот во Конектикат, Ден Харли.

Конектикат сега има 6/0 во финалните натпревари и ја освои титулата по шестипат.

ПретходноСветскиот шампион со Италија од 2006 година доби дрес од Струга ТЛ
СледноФранцузинот Филс стана најмладиот тенисер кој победил на меч во Монте Карло