Анчелоти: Ако играме вака и на реваншот, имаме големи шанси за полуфинале!

151
ФОТО: FC Real Madrid/Twitter

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го пофали настапот на неговата екипа во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ заврши 3:3 и се претвори во вистински спектакл.

„Се покажа како рамноправен и многу квалитетен натпревар. Се беше во ред кога успеавме да извршиме висок пресинг. Се обидовме максимално да го искористиме преминот од одбрана во напад. Сигурно не очекувавме да постигнеме толку рано гол. После тоа реагиравме позитивно и 60 минути игравме силно. Потоа постигнаа два гола кои не можеа да се спречат. Генерално, мислам дека раниот гол немаше влијание

Мислам дека го изненадивме противникот со нашиот систем на игра. Со вториот гол одлично ја одигравме ситуацијата. Со Винисиус и Родриго на левото крило имавме можност да создадеме опасни ситуации и тоа го направивме. Задоволен сум“, нагласи Италијанецот.

Анчелоти не криеше дека очекувал минимална победа на домашен терен, но верува дека на реваншот ќе имаат што да покажат.

„Се надевав дека ќе победиме барем минимално на домашен терен, но и сега не треба да се разочараме. Вложивме многу труд и ако одиграме на ист начин и во реваншот, можеме да продолжиме напред“, убеден е Анчелоти.

ПретходноКако мотив плус: МЗТ Скопје подготвува изненадувања за своите фанови
СледноЛука Дончиќ собори рекорд на Далас стар повеќе од 40 години