Синоќа Реал и Сити одиграа уште еден епски меч кој заврши со 3:3. Пред натпреварот “Сантијаго Бернабеу“, со дозвола на УЕФА, беше покриен, а тоа на Пеп Гвардиола не му се допада многу. Не му се допадна и фактот дека теренот не беше којзнае како спектакуларен па и тоа како го “пецна“ Флорентино Перез.
“Како прво сакам да го видам небото за време на натпревар. Како второ, да, `Бернабеу` е импресивен, но што е со тревата. Флорентино мора да води сметка и во тој сегмент. Теренот мора да биде поправен, овој стадион отсекогаш имал супер терен, но сега не беше така“ истакна стратегот на Сити.