Калиц најдобар на 400 метри слободно

77

Чејс Калиц, американскиот пливач е победник на трката на 400 метри слободно во пливање на олимписките игри во Токио.

Тој заврши прв, пред неговиот сонародник Џеј Литеранд како втор додека, пак Брендон Смит од Австралија заврши како трет.

4:09.42 е точното време на победникот на оваа трка, кој патем тренираше заедно со легендарниот Мајкл Фелпс, па резултатите од тоа се и видливи.

Оваа злато – сребо комбинација за Американците е првата по Олимпијадата во Пекинг во 2008 година.

 

ПретходноХоландија лесно против Јапонија, Русија и Бразил без победник
СледноАвстралија со златен медал и светски рекорд во штафетата на 400 метри