Втората по ранг тенисерка на светот, Наоми Осака немаше премногу проблеми на стартот од олимпискиот тениски турнир, па ја совлада кинескињата Женг со конечни 6:1, 6:4.
Во најјинтересниот дуел од синоќешната по европско време програма, Осака покажа дека дојдена е во Токио по медал и по ништо друго.
Зо машката конкуренција, Зверев пак немаше преголеми проблеми против Лу од Кина и го совлада со 2:0, 6:1, 6:1.
Набргу ќе стартуваат мечевите Нишикори – Рублев, како и Колшраибер – Циципас.