Луис Енрике: Ништо не е загубено, дуелот во Барселона ќе биде финале!

112

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике е убеден дека неговиот тим се уште има шанси да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите. Францускиот тим синоќа загуби со 2:3 од Барселона на „Паркот на принцовите“, но Луис Енрике беше задоволен од играта на своите играчи.

„Одигравме добро против многу силен противник. На 0:1 ни беше тешко бидејќи Барса самоуверено ја држеше топката. По паузата го свртивме мечот, но не можевме да постигнеме трет гол“, прокоментира шпанскиот стручњак.

Енрике има целосна верба во својот тим, вели дека ништо не е загубено.

„Тоа не е резултатот што го посакувавме, но ништо не е загубено. Ќе одиме во Барселона со огромна амбиција и желба за победа. За нас ова ќе биде како финале. Имам целосна доверба во тимот“, изјави Луис Енрике.

За ПСЖ ова беше прв пораз на официјален натпревар од почетокот на 2024 година. Парижаните беа во серија од 28 натпревари без пораз.

ПретходноОд Јадранот со комплименти за навивачите на МЗТ Скопје!
СледноШпанскиот репрезентативец јаде како пештерски човек: Така живеам, така ќе умрам!