БЏК Куп: Совладана Грузија, утре на дуел со Израел за четврто место

137

Двете победи на македонските тенисерки во сингл мечевите донесоа триумф над Грузија во мечот за пласман од 4-6.место во рамките на Били Џин Кинг купот Втора Евроафриканска зона што се игра во Вилнус, Литванија.

Македонија ја совлада Грузија со 2:1 и утре во мечот против Изреал ќе игра за 4.то место во оваа зона.
Првиот поен за Македонија го донесе Стоилковска која со 2-1 во сетови (6-1 2-6 6-3) ја победи Зозија Кардава за 1 час и 55 минути игра. Македонската тенисерка имаше одличен почеток на мечот и водство од 4-0 во гемови, притоа четвртиот гем го освои по 14 одиграни поени. Противничката намали, а вистинска борба и дури 30 поени беа одиграни во седмиот сет. стоилковска го доби гемот, а воедно и сетот за водство од 1-0.

Но, во вториот сет поинаква слика. Кардава поведува со 4-0 во гемови, а Стоилковска освои два гема за сетот со 6-2 да заврши за тенисерката на Грузија, која изедначи на 1-1 во сетови. И решавачкиот сет почна со водство на Кардава од 2-0, но Стоилковска со серија од три гема поведе со 3-2, а по 3-3 во гемови, македонската тенисерка со уште една серија од три гема стигна до конечен триумф од 2-1 во сетови и водство за Македонија.

Во вториот меч Лина Ѓорческа играше против Екатерине Горгодзе. Мечот имаше еден сет, кој и припадна на Ѓорческа со 6-1 во гемови што значеше водство од 1-0 во сетови, но потоа ривалката поради повреда го предаде мечот и Македонија го доби дуелот со Грузија.

Во мечот во двојки дојде до промени бидејќи победникот беше познат, па за Македонија шанса добија Теона Андова и Ива Данева, кои загубија од Натела Џаламидзе и Оксана Калашникова со 2-0 во сетови (6-0 6-1).

Утре – сабота македонските тенисерки го играат послендиот меч што е воедно дуел за 4.то место.

Претходно„Тркачки болид од Англија, ексклузивно во Македонија“
СледноСкамака со двата гола на „Енфилд“ постави италијански рекорд