Челзи има 11 играчи кои се надвор од тимот, вклучувајќи го и крилниот напаѓач Рахим Стерлинг и голманот Роберт Санчез кои се болни. Во пресрет на нтпреварот со Евертон в понеделник, Покетино има сериозни проблеми да го состави првиот тим.
„Енцо и Дисаси имаат повреди. Не знаеме точно за што се работи, но ќе видиме дали ќе бидат подготвени а во понеделник“, изјави менаџерот Маурицио Покетино за новинарите, додавајќи дека двојката не тренирала од ремито со Шефилд Јунајтед во неделата.
„Чилвел тренира делумно и ќе видиме дали ќе биде во тимот. Тоа е добра вест, но тој не играше долго. Фер е да играме пред полни трибини за да докажеме дека сме добри и дека можеме да се бориме за нашите цели. Во моментов не е фер навивачите така да се однесуваат кон играчите“, смета Покетино. Тој призна дека морал да земе некои играчи од академијата за натпреварот со Евертон, со оглед на огромниот број повредени играчи од првиот состав.