МЗТ Скопје го реши Гостивар во една четвртина

58

Актулениот македонски првак продолжува во забрзан ритам. По победата против Широки во рамките на четвртфиналето во плеј-офот, денеска избраниците на Васко Атанасов имаа домашна задача. МЗТ Скопје се најде на чекор до полуфиналето во домашниот шампионат, откако и на втората средба го победи Гостивар, овој пат со 89-67.

„Сино-белите“ мечот го решија во третата четвртина која ја добија со 32-11 и ги урнаа сите надежи на гостите дека би можеле да дојдат до изненадување.

Атанасов ја подели минутажата, прв стрелец беше Делалиќ со 14 поени, Робев имаше 13, додека Андоновски 12. На другата страна Стојаноски имаше 20 поени.

Кошаркарите на МЗТ Скопје немаат време за одмор, веќе за четири дена го играат реваншот со Широки во АБА2-лига.

ПретходноЛегендарниот Паоло Малдини само од еден играч побарал дрес!
СледноБУУУМ! Каков фантастичен гол на Чуамени – голманот не се ми помрдна од место (видео)