Борнмут е тврд орев за Манчестер Јунајтед

138

Во рамките на 33 коло на англиската Премиер лига, Борнмут и Манчестер Јунајтед одиграа 2:2. „Црешките“ поведоа со гол во 16 минута, а стрелец беше Доминик Соланке. Две минути подоцна Маркус Рашфорд шутираше покрај голот.

Следуваа две интервенции на Онана, за во 31 минута Бруно Фернандеш да го изедначи резултатот. Три минути подоцна Данго Оатара промаши „зицер“, а во 36 минута преку Џастин Клајверт домашниот тим дојде во ново водство (2:1).
Следуваа две шанси за Борнмут, преку Керкез и Клајверт, а пред крајот на првиот дел Бруно Фернандеш ја погоди пречката со шут од далечина.

Второто полувреме беше посиромашно со шанси. Во 65 минута Бруно од пенал донесе изедначување на резултатот. Во судиското продолжение на времето беше покажан пенал за домаќините, за потоа по ВАР интервенција да биде востановено дека фаулот бил надвор од казнениот простор. Тој слободен удар не е претворен во гол и резултатот остана 2:2.
Манчестер Јунајтед има 50 бодови на седмото место, Борнмут има 42 бодови на 12 позиција.

ПретходноШтутгарт со нова победа, Ундав постави рекорд
СледноАријан Адеми влезе во елитно фудбалско друштво во Хрватска!