По Ливерпул, голем „кикс“ и на Арсенал: Астон Вила слави на „Емирати“ (ВИДЕО)

107

Фудбалерите на Астон Вила извојуваа победа над Арсенал на гостински терен со 2:0 во 33. коло од Премиер лигата и со тоа им дадоа голем „пас“ на шампионите Манчестер Сити на патот кон нова титула. По Ливерпук, кој се „сопна“ дома против Кристал Палас, денеска „кикаснаа“ и „топчиите“.

Лондончани имаа се во свои раце за да дојдат до лидерската позиција, но по поразот од тимот на Бирмингем останаа на второто место со 71 бод, исто колку и третопласираниот Ливерпул. Сега Манчестер Сити има се во свои раце за да дојде до титулата, со оглед на тоа што момците на Пеп имаат два бода предност пред лутите ривали.

Натпреварот беше решен во послендите пет минути,кога напрво Бејли, а потоа и Оли Воткинс погодија за голема победа на Вила.

ПретходноИсторијата е испишана: Баер (Л) за првпат стана шампион на Бундеслигата!
СледноПелистер во три меча го реши Еуро Никел и закажа полуфинале со Работнички