Кавадарци се мобилизира: Билетите за реваншот во Купот пуштени во продажба, се очекува најмалку 5.000-6.000 гледачи! (ФОТО)

2331

Во среда на 17 април со почеток од 15 часот се закажани реванш натпреварите од полуфиналето во Купот на Македонија. Во Ѓорче играат Македонија ЃП – Воска, на првиот меч славеа охриѓани со 2:0, додека во Кавадарци се спрема историја. Тиквеш го дочекува Шкупи, на Чаир беше 0:0.

Велиме историја зошто сите во таборот на Тиквеш, кој има фантастична сезона во ПМФЛ, сакаат финале, за првпат во историјата на клубот.

May be an image of 3 people, people playing football, people playing soccer and text that says 'ወወ КУП НА МАКЕДОНИЛА ПОЛУФИНАЛЕ ወ" ॐ ГФК -тИКВЕш-1930 ン CLT Football Club SHKUPI SH 1927 ГФи? TAMBEN 10 Среда 17.Април 2024 15:00 часот КУТ! НА А'МАКЕДОИЗ ГРАДСКИ СТАДИОН -КАВАДАРЦИ'

Мечот со Шкупи за Тиквеш ќе биде меч на деценијата.

Додека стратегот Ѓорѓи Мојсов со играчите ја спремаат тактиката, раководството на клубот веќе ги прави последните подготовки. Јасно е дека тоа ќе биде спектакл, цело Кавадарци сака да дојде на стадион и да го бодри својот Тиквеш.

Инаку денеска се пуштени во продажба билетите за овој меч и тие чинат по 100 денари. Се очекува најмалку 5.000-6.000 гледачи, значи трибините на Градскиот стадион ќе бидат преполни.

Се бара од сите компании тој ден да се работи до 14 часот со цел вработените да можат да го проследат мечот.

Нема дилеми, во среда во Кавадарци ќе “ВРИЕ“, Тиквеш сака да испише историја.

ПретходноЃоковиќ не освојува турнири, но доминира на врвот на АТП листата!
СледноСекоја чест, убедливо најгледан тим: Партизан го урна рекордот во Евролигата! (ФОТО)