Челзи во вистинско светло на меч од Премиер лигата. Вечерва на „Стемфорд Бриџ“ го демолира Евертон со 6:0 во рамките на 33 коло на Премиер лигата. Херој на вечерта е Кол Палмер кој постигна четири од шесте гола за Челзи.
Првите три ги реализира во период од 13. до 29 минута. Во финишот на првиот дел Николас Џексон погоди за 4:0, а во второто полувреме, поточно во 64 минута Палмер од пенал заокружи четири гола и победа за својот тим од пет разлика. Интересна ситуација при изведувањето на пеналот, кога Палмер се закачна со Џексон околу тоа кој да го изведе пеналот. Англичанецот не ја пушташе топката, а соиграчите го повлекоа Џексон оставајќи му на младиот фудбалер да го изведе ударот.
Во 90 минута младиот дефанзивец Алфи Гилхрист го постигна петтиот гол и ја заокружи победата на својот тим.
Палмер стана и првиот фудбалер на Челзи кој постигнал гол(ови) на седум едноподруго премиерлигашки настапи на „Стемфорд Бриџ“.
Воедно Палмер е првиот фудбалер на Челзи со четири гола на еден премиерлигашки меч по капитенот Франк Лампард во март 2010 година.
Cole Palmer deserves better. Hopefully, there will be a learning curve for Madueke and Jackson. Palmer is the main man at the moment, so deal with it.
Good on Gallagher too for ending it.pic.twitter.com/LUeBBSxZ5K
— Chelsea Dodgers (@TheBlueDodger) April 15, 2024
GOAL | CHELSEA 3-0 EVERTON | COLE PALMER SCORES A HAT TRICK IN 29 MINUTES!! WHAT A PLAYER!! pic.twitter.com/QvqBHiUkD0
— SimplyGoal (@SimplyGoal) April 15, 2024