Здравствената состојба на фудбалерите секогаш треба да биде на прво место, без разлика од чија табор истите доаѓаат. Оваа теза ја практикуваат во таборот на ФК Вардар.
За време на дерби дуелот меѓу Работнички и Вардар се повреди Влатко Стојановски, а „црвено-црните“ на својата официјална страница во стилот на големите професионалци му посакаа брзо закрепнување и враќање на терените, потенцирајќи дека фер-плејот секогаш треба да биде на прво место.
View this post on Instagram
Инаку Стојановски го чека долга пауза, се очекува да биде надвор од терените подолго време. За него сезоната е завршена бидејќи станува збор за напукната тетива.