За Рашфорд ќе нема место во репрезентацијата за ЕП

867

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд може да остане без местото во репрезентацијата на Англија на претстојното европско првенство кое ќе се одржи во Германија. Селекторот Герет Саутгејт има импресивен напаѓачки арсенал пред ЕП, па може да бира од многуте кои се во многу подобра форма од Рашфорд.
На Маркус Рашфорд му е соопштено дека местото во репрезентацијата на Англија му е загрозено. Причината е што селекторот има бројни опции на располагање во овој момент“, пишува „Мирор“.
Прв од кандидатите за испаѓање е токму Рашфорд чија форма сезонава е лоша, па нема да биде изненадување ако тој биде изоставен. Оваа сезона тој во 39 натпревари има осум голови и пет асистенции.
Во моментов има далеку подобри од него Хари Кејн, Фил Фоден, Кол Палмер, Оли Воткинс, Букајо Сака, Џуд Белингем, па дури Џерод Боувен, Антони Гордон, Еберечи Езе…

ПретходноМилошевиќ заминува, Барбарез ќе биде новиот селектор на БиХ
СледноКејн: Му честитам на Баер за титулата, Баерн не беше на високо ниво оваа сезона