Во Дортмунд синоќа беше видена најпоразителната сцена во ЛШ! (ВИДЕО)
Величенствено беше синоќа на “Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд каде Борусија со 4:2 го победи Атлетико Мадрид и успеа да се пласира во следната фаза во ЛШ.
Сепак дека и меѓу 81.000 фанови на Дортмунд има идиоти во вистинска смисла на зборот најубаво се виде по мечот.
Имено Бранд, херојот на домашните, по мечот отиде до дел од трибината каде беше еден фан на Дортмунд во инвалидска количка со цел да му го даде дресот. Во тој момент една жена се најде во близина и му отргна дресот а потоа и се смееше.
Навистина запрепастувачки.
Подоцна од клубот посочија дека сепак гледачот во инвалидската количка ќе добие дрес а социјалните мрежи зовреа од коментари.
Се бара на жената да и се забрани влез на стадионот “Сигнал Идуна Парк“ засекогаш.
Дали ова е најпоразителната сцена во ЛШ оваа сезона?
Wenn du unter 81.000 Menschen das größte Arschloch bist. Einem Rollstuhlfahrer Brandts Geschenk aus der Hand reißen. Bitte Stadionverbot auf Lebenszeit #BVBAtleti #BVB #ChampionLeague #BVBATM #Dortmund #Brandt pic.twitter.com/wrJmoCLWHw
— Andreas Mayer (@andim1909) April 16, 2024