ЛШ: Европа ќе има нов шампион, Реал на пенали го елиминираше Манчестер Сити

660

Фудбалерите на Реал (М) по подобро изведување на пенали (3:4) се последниот патник во полуфиналето на Лигата на шампионите. Откако по 120 минути не видовме победник, ударите од белата точка пресудија.

Во регуларниот дел од мечот немаше победник (1:1), а ништо не се промени ниту по дополнителните 2х15 минути. Во продолженија и двата тима се ободуваа да направат по некој сериозен напад кон противничкиот гол, а во два наврати и Сити и Реал имаа шанси за гол. Можеби најубавата ја пропушти дефанзивецот на „кралевите“ Ридигер кој не успеа по едно уфрлување да погоди во мрежата на Едерсон.

Пенал-рулетот на крајот мораше да го одлучи патникот во полуфиналето. Таму во првата серија Јулијан Алварез беше сигурен за домашните, а Лука Модриќ не успеа да го совлада Едерсон.

Сепак, во втората серија се реваншираше Бернардо Силва чија топка жива ја фати голманот Лунин, а Белингем погоди за израмнување (1:1).

Лунин го одбрани и шутот на Ковачиќ во третата серија, а Лукас Васкез беше сигурен и Реал дојде до водство (1:2).

Во четвртата серија и Фоден и Начо беа сигурни, па одлуката падна во последната, петта серија.

Едерсон ја зема судбината во свои раце и нозе. Најпрво погоди за Сити, но не успеа да го одбрани ударот на Ридигер, кој со погодок и конечни (3:4) го однесе Реал го полуфиналето на ЛШ.

ПретходноЈапонецот од Ајнтрахт (Ф) реши да оди во пензија
СледноАнчелоти откри што му рекол Гвардиола по мечот: Беше господин!