Чудото на Барса нема дилеми: Вечерва го победуваме Реал со 3:1, јас ќе дадам еден гол

728

Крилниот напаѓач на Барселона, Ламине Јамал, се реши да прогнозира каков ќе биде исходот на вечерашниот „Ел Класико“ дуел со Реал во Мадрид. 16-годишното чудо во дресот на Барселона верува во победа на својот тим.

„Како ќе завршиме вечерва против Реал? Сигурен сум дека ќе победиме со 3:1, а јас ќе постигнам гол“, многу самоуверено изјави Јамал.

Ламине Јамал оваа сезона одигра 43 натпревари за Барселона и постигна шест гола и имаше осум асистенции.

ПретходноПобедничко селфи: Пази, пази…Тиквеш гази!
СледноЈунајтед водеше 3:0 против Ковентри, па преку пенал-рулет избори пласман во финале на Купот