“Кралевите“ поразени во пријателски меч од Ренџерс!

297

Реал Мадрид доживеа пораз во пријателски меч и тоа од Глазгов Ренџерс и тоа со 2:1. Овој натпревар се одигра на „Иброкс стадионот“ во Глазгов.

Интересно е тоа што момците на Карло Анчелоти првото полувреме го решија во своја корист, и тоа со голот на Родриго уште во 8.минута.

Сепак четата на Стивен Џерард, како домаќин, одигра далеку подобро во продолжение од средбата и со головите на Сакала во 55. и Итен во 77.минута успеа на крајот да се радува.

Сепак треба да се каже дека за Реал Мадрид не настапија неколку главни играчи, додека Глазгов Ренџерс настапи речиси со најдобриот тим.

 

ПретходноВеспрем ја најде замената за екс-вардарецот
СледноУтре во 12 часот ждрепката за ПМФЛ за сезоната 2021/22!