По лошата седмица, елиминацијата од Аталанта во Лига Европа и поразот од Кристал Палас на домашен терен, „Црвените“ им се вратија на победите и ја продолжија трката по титулата во Премиер лигата.
Како гости славеа над Фулам со резултат 3:1. По половина час, момците на Јирген Клоп дојдоа во предност со гол на Александер Арнолд. Сепак, пред крајот на полувремето Кастањ го изедначи резултатот.
Во второто полувреме Ливерпул ја осигура победата. Во 53 минута погоди Гравенберх на асистенција на Елиот, а потоа во 72 минута Диого Жота ги постави конечните 3:1.
Ливерпул е втор на табелата со 74 бодови по 33 меча, исто колку што има и лидерот Арсенал. Манчестер Сити има 73 бода од 32 натпревари.
До крајот има уште четири кола.