Тен Хаг: Не гледам ништо срамно, напротив ова е голем успех!

282

Додека сите веруваат дека Манчестер Јунајтед беше бледа слика против Ковентри, Ерик тен Хаг смета дека неговиот тим постигнал голем успех.

Јунајтед водеше со 3:0 против Ковентри, но потоа прими три гола во последните 20 минути, па мечот отиде во продолженија и пенали, во кои избраниците на Тен Хаг „се протнаа“ и избегнаа вистински дебакл.

„Немаше ништо срамно, не го гледам тој збор, ова е големо достигнување. Успеавме да стигнеме до второто финале за две години со сите потешкотии што ги имавме, и после овие 3:3. Критиките воопшто не ме загрижуваат, она што ме загрижува е да ги имам сите играчи на располагање, што не се случи во текот на овие 18 месеци. Повредите кои ги имавме не беа нормални, и тоа на клучните позиции. Тоа е вистина. Другите може гледаат поинаку, но јас не можам да ја трошам мојата енергија на тоа. Морам да бидам реален и да ги ротирам играчите“, рече Тен Хаг.

Манчестер Јунајтед на 25 мај на „Вембли“ во финалето ќе го пречека големиот ривал Манчестер Сити.

ПретходноЧави: Сите видоа дека топката отиде во голот (ВИДЕО)
СледноКМФ Форца 2015 е освојувач на Купот на Македонија во футсал